Се налути Евто Пупиновски: Бре охриѓани, што луѓе ќе бевте, џабе ви ја пеев „Лихнида“

Фолк-пејачот Ефто Пупиноски им се налути на охриѓани, па на  фејсбук-профил напиша статус за нив. Тој се лути оти и покрај  големиот хит „Лихнида кајче веслаше“, досега ниту еднаш не бил поканет да настапи во Охрид.

„Охриѓани мои, ја знаете ли песната ‘Катино моме катинке’? Значи ја знаете – добро.Ја знаете ли песната ‘Прости ми душо моја’? О да, ја знаете – одлично! А ја знаете ли песната ‘Туѓа си бескрајно’? Ја знаете и таа, извонредно. Велите овие песни ги знае и старо и младо. А го знаете ли балканскиот хит ‘Лихнида кајче веслаше” каде што се зоорува за Охридското Езеро? А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид – на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте? На тој ваш плоштад, во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно. Помина речиси пола век, а вие не ја разбравте вредноста на таа ‘Лихнида’. Хитот што ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот што само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа ‘охриѓани мои’ е грешка. Никогаш не сте биле мои“, вели Пупиновски.

Scroll to Top