Андреја Ѓорѓиески од најпопуларното домашно дуо „ДНК“, на својот Фејсбук профил објави фотографија преку која конечно имаме прилика да го запознаеме неговиот татко, чија слика и прилика е токму тој.
– Ова лево од мене е татко ми кој пред година и пол стана дедо, а ова десно од мене е доктор Никола Христов, еден од најдобрите кардиоваскуларни хирурзи кој искривените каротиди на татко ми низ кои срцето ја испраќа крвта до мозокот и го храни со кислород му ги ги испраќа како “пушка“ и е многу можно да му ја овозможи да дочека да стане прадедо, напиша Андреја над фотографија.
Андреја покрај музиката е успешен и во маркетингот, од неодамна тој е заштитно лице и маркетинг менаџер на клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.