Се огласи актерот Владо Јовановски

By

Aктерот Владо Јовановски кој е обвинет за тероризам и кој по три месеци во затворот во Шутка сега е во домашен притвор, на својот Фејсбук профил испрати порака преку стихови од српскиот поет Бранко Милоковиќ.

„…Иднината не е сѐ она што ќе дојде!

Многу нешто, едноставно ќе се повтори!

Минатото, не е сѐ она што нема да се поврати и еден дел од иднината останува затаен…”, напиша актерот на својот профил вечерва.

Пред неколку денови притворот во Шутка на Јовановски му беше заменет со куќен притвор и одземање на пасошот.

Ќе ви се допадне