Се омажи Александра Шијакоска: Облеков бело, а мислев никогаш нема да дочекам да бидам невеста

Инфлуенсерката Александра Шијакоска се омажи за нејзиниот свршеник Едмонд. Тие направија венчавка за близок круг на роднини и пријатели, а водено го славеа и роденденот на Едмонд.

Свадбената венчавка и забава била во куќата каде што живее парот во Битола.

За овој посебен ден за Шијакоска таа одбрала долга бела венчаница со голем бел цвет на десната страна од фустанот и една ракавица на истата страна, креација на модната дизајнерка Моника Коцарева. Во бело беше облечен и нејзиниот сопруг Едмонд.

До свечениот чин за склучување граѓански брак пред матичар, Александра ја донесе нејзиниот татко. Свадбената венчавка била до детал организрана, инфлуенсерката се погрижила нејзината венчавка да изгледа како оние од Инстаграм. Со декорации во бела боја и цвеќиња.

Свадбената забава, преминала и во роденденска журка. Александра за забавниот дел од мини свадбата одбрала краток бел фустан со реси. А на својот сопруг му ја пееше песната „Подарок“ од Маријан Стојановски.

За крај на журката Шијакоска го фрлаше и бидермаерот.

„Не правиме свадба, туку мала прослава со пријателите. Едмонд слави роденден на истиот ден, па сакавме заедно да прославиме. Си закажавме матичар, па испадна нешто повеќе од мала прослава со родителите и сестрите. Бел фустан ќе носам и сега и наредната година на свадбата затоа што мислев дека никогаш нема да дочекам да бидам невеста, па сега ми е ќеф.  Претходната година овој период плачевме и се молевме да преживеам, сега спремаме свадба и планираме иднина“, изјави Шијакоска.

Александра и Едмонд се 12 години во врска.

Инаку инфлуенсерката лани имаше четири операции на главата поради тумор на главата, па нејзината голгота низ што се поминуваше ја споделуваше со нејзините следбеници на Инстаграм.

 

 

Scroll to Top