Актерката Емра Куртишова која публиката ја засака како Исаура од серијата „Преспав“ се омажи за нејзиниот свршеник, актерот Петар Стојанов. Кога се сврши таа за Репортер изјави дека биле три години во љубовна врска.
„Многу сум среќна, со Петар сме во љубов три години, а тој ме побара за жена на мојот роденден. Функционираме како да се знаеме цел живот и многу ни е убаво“, раскажа Емра за „Репортер“, минатата години во декември кога двојката објави и фотографии од запросувањето.
„Мој си е, си го земав“, напиша Емра на свадбената фотографија со Петар.
Инаку Емра и Петар се колеги од Театарот за деца и младинци од каде се знаат подолго време.