Се омажи македонската ракометна голманка Матеја Серафимова

Македонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова се омажи за Александро Стефановски. Александро ја побара за жена летово во Бодрум во Турција, а во Скопје склопија граѓански брак.

За потсетување, Серафимова долги години го бранеше голот на Металург, пред да започне интернационална кариера.

Потоа беше дел од грчкиот ПАОК, чешката Славија Прага, данскиот Ринкобинг и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, австрискиот Егенбург, а сега е дел од Штокерау, со кој го продолжи договорот за уште две сезони.

Фото: 24 ракомет

 

Scroll to Top