Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска денеска вторпат стана мајка. Таа роди ќерка, на која ѝ го даде името Кира. И иако се пишуваше дека бебето ќе го добие името по таткото на Катарина, поранешниот ракометар Киро Ивсновски, таа неодамна во интервју за „Репортер“ откри дека не е така.
„Првпат го слушнав името Кира пред неколку години и многу ми се допадна. Татко ми е Киро, да, но сосема случајно испадна Кира да е женска верзија на неговото име. А и татко ми е пресреќен“, ни откри тогаш Катарина.
Таа тогаш ни раскажа и дека скоро воопшто не се здебелила во текот на бременоста, а дека за разлика од повеќето трудници, наместо да ѝ се јаде, губела апетит.
Кира е второ дете на популарната манекенката и на нејзиниот сопруг Цобе. Тие го имаат синот Вања, кој неодамна наполни 2 години.