Се породи Нина Јанева, бебето доби име по лик од „Игра на тронови“

Поп-пејачката Нина Јанева стана мајка. Таа вечерва се породи  во Клиниката за гинекологија во Скопје, а радосната вест ја објави на „Фејсбук“. Мајката и бебето се добри. Среќна дека има ќерка Нина напиша :

“Добредојде моја Арја. Мојот Универзум, мое сонце и моја ѕвезда. Од денес ја сватив смислата на животот“.

Нина неодамна за „Репортер“ откри дека бебето ќе се вика вика Арја, според нејзиниот омилен лик од серијата „Игра на тронови“.

„Уште пред две години со Александар знаевме дека ако еден ден имаме ќерка, таа ќе се вика Арја. Таа е мојот омилен лик во оваа серија бидејќи е храбра и борбена. А бидејќи и Александар е голем фан на серијата, решивме да ја крстиме така“, рече Нина за „Репортер“.

Нина и Александар се венчаа лани на 19 октомври, а пејачката наместо венчаница носеше црн комбинизон, а на свадбата имаше само 13 луѓе. За изборот на црн коминизон наместо бела венчаница таа рече:

„Црното е мојата омилена боја, бојата на моќта, бојата која секому најдобро му стои и наспроти сите верувања дека е ‘баксуз’ да носиш црно на својата венчавка се одлучив за овој комбинезон од црно жерсе и црн нежен жоржет“, ни раскажа Нина по венчавката.

 

Scroll to Top