Се породи партнерката на Висар Вишка, актерот доби ќерка

Актерот Висар Вишка вторпат стана татко. Тој објави фотографија од неговата партнерка заедно со нивната ќерка.

Хана Вишка, родена на 24.8.2022 година, 12:50 часот во Белград. Моите две девојки на мојот живот“, напиша Вишка.

Актерот во месец мај објави дека втор пат ќе стане татко.

Претходно, Висар Вишка беше 6 години во брак со  водителката Елена Митева.

„Не сме заедно. Но, тивко, без кревање врева, како што и го држевме приватниот живот само за нас. Бевме и ќе останеме одлични пријатели затоа што, сепак, имаме еден ангел. Неговата среќа и насмевка се најбитни за нас“, изјави тогаш  Висар Вишка за „Репортер“. Од бракот со Митева, тој го има осумгодишниот син Дион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visar Vishka (@visarvishka)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Visar Vishka (@visarvishka)

Scroll to Top