Се породи пејачката Бојана Скендеровски

Пејачката и водителка Бојана Скендеровски, некогаш Атанасовска вторпат стана мајка. Таа веста дека родила син ја сподели на „Фејсбук“.

„Добредојде Ѓорѓи! Те сакам!“, напиша таа.

Бојана, која јавноста ја запозна преку музичкото натпреварување „М2 – потрага по ѕвезда“, неколку години е автор и водител на емисијата „Улица Македонија“. Таа и сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра.

Scroll to Top