„Се разведов, така беше најдобро“, Кајмакоски прозборе за пропаднатиот брак со Кристина

По три години брак, се разведе пејачот Даниел Кајмакоски. Тој и неговата сопруга, манекенката Кристина Димитриевска, веќе не живеат заедно, потврдија за „Репортер“ нивни пријатели. Додаваат дека Даниел ги избришал сликите со Кристина од неговиот инстаграм-профил. Кајмакоски, кој се прослави со учеството и победата во музичкото шоу „Х-фактор“ пред пет години, конечно прозборе и за разводот.

„Деновиве не реагирав на објавените новости за мене само поради една причина, велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за сè има вистинско време. Со Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зашто знаеме дека е тоа најдоброто за нас“, откри Даниел за „Бекстејџ“ и додава: „Најважно ни е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период“,

Тој уште кога се појави на сценета велеше дека најголема желба му е да се ожени и да стане татко. Даниел во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена, Австрија, со песната Autumn Leaves. Откако се ожени, тој се повлече од музичката сцена. Тој неодамна најави дека повторно се враќа на сцената.

 

 

теми.

Scroll to Top