Новинарот Саше Ивановски-Политико се разведува од сопругата Марина. Веста ја објави адвокатот на неговата сопруга, Јанаки Митровски, кој вели: Никогаш не сум бил одмаздољубив, така сум воспитуван. Кога Саше Политико по нарачка на Никса лупеташе за мене, сакав да го тужам, па ми дојдоа зборовите на мајка ми: ‘Господ ќе ги казни’. И, видиш, имало Господ, па денеска со сè уште сопругата на Саше, Марина, поднесовме тужба за развод на бракот, во која постапка јас ќе ја застапувам Марина. Едвај чекам, Саше, да се видиме во судница“.
Редакцијата на „Репортер“ побара изјава од Саше Политико, но засега не добивме одговор. Го побаравме и адвокатот Јанаки, кој всушност ја објави веста за разводот. „Можам само да ви кажам дека Марина ме побара, во другиот дел нема да коментирам, сепак тоа е приватна работа и воедно имаат и малолетно дете за кое ќе се одлучува и оттука не би изнесувал детали“, ни рече адвокатот Јанаки Митровски. Саше и Марина се подолго време во брак и имаат син. Пред неколку години двојката беше пред разделба, но повторно си дадоа шанса.