Се скараа новинарите Гоце Михајлоски и Борјан Јовановски

Заменик уредникот во Тв Нова, Гоце Михајлоски повеќе не работи во телевизијата. Тој јавно кажа дека од денес веќе не е таму и не ја извршува функцијата заменик на главниот и одговорен уредник во Тв Нова. 

Причините за неговото заминување ги објасни во повеќе редови на Фејсбук. Но, на неговата реакција не остана имун новинарот Борјан Јовановски.

„ Гоце, да не се лажеме. Како дел од ТВ НОВА за жал и ти си дел од едно злосторничко здружување против новинарската професија. Ти си добар момак со талент, но за жал талентот е само мал процент од нашата професија, другото е карактер“ му напиша Борјан на Гоце.

Михајлоски на ова, му одговори: „Борјан еве сега можеш да бидеш среќен, повторно сум без работа. Инаку и мене би ми било полесно татко ми да имаше куќа на Водно, да имав грантови од ЕУ и разни амбасади, ама за жал од Вас човек не може на ред да дојде“.

Scroll to Top