Се смирија Тамара и Катарина

Поп-пејачката Тамара Тодевска и моделот Катарина Ивановска со години беа најдобри пријателки, но пред некоја година престанаа да комуницираат. Се слушнаа многу шпекулации за нивната кавга, но ниту едната ниту другата не ги потврдија озборувањата.

Тамара и Катарина се чини веќе не се скарани, а мајчинството како да ги зближи повторно. Доказ за тоа е фотографијата што ја објави Тамара, а на која, освен Хана, ќерка ѝ, има уште три деца, и едното од нив е Вања, синот на Катарина.

 

Scroll to Top