„Се старее и со весели песни“, Маја Оџаклиевска по 24 години се враќа на сцената

Пејачката Маја Оџаклиевска по 24 години снима нов албум. Таа заедно со кантавторот Срѓан Марјановиќ веќе ги завршува песните за албумот кој некогашен „Југотон“, а сега „Кроација рекордс“ ќе го објави на два диска. На еден ќе бидат нејзините стари хитови, а на вториот новите композиции. Една од нив е „Песочен часовник“.

„Сите велите дека сум должна уште убави песни. Ете, Срѓан и јас се потрудивме да ги потсетиме генерациите дека може да се старее и со спомени кои разведруваат, на момент да го откриеме фактот дека одиме угоре и да го гледаме светот преку ѕвездите“, изјавила Маја.

Пејачката која ја обожуваше цела Југославија, за половина век кариера објавила само два албума. Кон крајот на деведесеттите реши да ги заборави големите југословенски турнеи и повеќе да им се посвети на децата и работите кои немаат допирни точки со музиката.

Во 2004 година Маја се врати на сцената со песната „Анатема“ и учествуваше на Радискиот фестивал во Белград, а четири години подоцна сними дует со црногорскиот кантавтор Славен Кнезовиќ и со песната „Ружа увела“ настапи на „Сунчане скале“. Сними и дует со Никола Буровац, „Украдени бакнежи“, но Маја и понатаму не сакаше да се посвети целносно на музиката.

Пејачката често кажува дека не се снашла во новиот музички бран и дека турбо-фолкот не е правецот кон кој тежнее. На медиумите им откри дека е посветена на својот внук, кој боледува од аутизам, и ќерките.

Scroll to Top