Се сврши пејачот Зоран Илиев

Поп-пејачот Зоран Илиев се сврши. Тој неодамна на манастирот Св. Преображение во Крушево, ја побара за жена својата девојка. Веста ја сподели со пријателите на социјалните мрежи. Од нив доби бројни честитки и желби вечно да се среќни заедно, ама и да имаат многу деца.

Зоран долги години е на македонската музичка сцена, а публиката најмногу го памети по двете победи на „Макфест“ во Штип. Првиот пат победи со песната „Ангели и демони“, а вториот пат заедно со Анабела Атијас кога ја пееја песната „Од утро до вечер“.

 

Scroll to Top