Ристе Ристески е првиот Македонец кој успеа да се закити со титула победник во најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и неодамна ја доби ветената награда од продукцијата.
Низ „ходниците“ во „Ѕвездите на Гранд“ негова најголема поддршка беа блиските пријатели и семејството, кое Ристе не го експонираше премногу во јавноста, но сега го покажа својот дедо – човекот по кого го добил своето име.
Дедо Ристе Ристески секогаш знае да му даде совет на својот внук, обожува да го слуша како пее, но сака и да пијат ладно пиво заедно.
На здравје нека им е!