„Секогаш барај ја Тамара“, Тијана Дапчевиќ ѝ се обрати на малата Тијана Дапчевиќ

Тијана Дапчевиќ објави емотивна фотографија, на која се додаде себе си кога имала 10 години. Со помош на фотошоп таа ја измени фотографијата и напиша порака со куп совети. Таа напиша никогаш да не престане да ја бара Тамара, затоа што тоа и било нешто најубаво што и се случило во животот.

“Драга мала Тијана. Заврши го образованието. Глупав почеток, знам. Ова порака можеше да започне на 1000 занимливи начини, а јас почнав со образованието. Извини. Но, образованието навистина е важно. Не за опстанок, колку за главата. Полесно ќе ти е кога си образована во друштвото. Уживај. Не грижи се, ќе имаш уште многу уживања. Имаш 10 години. Те сака небото. Верувај им на родителите бидејќи ти посакуваат само најдобро. Послушај ги кога мислиш дека треба, но секогаш ги слушај. Подоцна ќе сфатиш дека биле во право во ситуациите кога си била убедена дека си попаметна. Изми ги рацете, пред и после јадење. И гледај секогаш да ти е чисто: главата, собата и дворот. Кога сме кај дворот – гледај го само својот. Не јади се’ што лета, не верувај секому. Чувај ги пријателите. За вечера не се само виршлите, земи и нешто друго. Намали со мајонезот. Музиката секогаш ќе ти биде лек, виолончелото пријател, а сцената дом. И малку биди амбициозна, ако знаеш за Бог. И понатаму барај ја Тамара, немој да престанеш да ја бараш од Брана и Велко затоа се уште не ти се случило нешто поубаво во животот. Другиот дел од тебе е кај неа. За некои 10 години ќе го запознаеш Милан. На него најмногу му верувај. Немој да имаш тајни пред него, а нема ни да сакаш такво нешто, ќе видиш, ќе ви биде глупо нешто да не споделите. Ќе се иселиш од Скопје и тоа ќе биде оној момент кога нема да ти е важно во кој град, туку кој е со тебе, па на вас ви е доволен Универзумот. Отогаш сите мисли ќе ти започнуваат во множина. Ќе дознаете дека ќе добиете дете. А потоа дека нема да добиете. И тоа баш така, во една глупа реченица како ништо да не се случило. Можеби бил само сон….којзнае, можеби и бил сон. Подоцна, повторно ќе ја слушнете оваа вест, но сега ќе биде вистина. Никој не се шегува, никој не сонува…Се гледаш ли сега себеси? Е таков ќе биде. Ќе го собере најдоброто од мама и тато, да биде човек. Кој би рекол а? Кога ќе дојде до тој дел, ќе видиш дека целиот живот пред него бил генерална проба“ напиша Тијана.

Scroll to Top