„Секој ден зборувам со тебе, а пет години не сум ти го чула гласот“ – диџеј Бабура преку сеќавањата на сопругата Елена

Пет години од смртта на еден од најпознтите диџеи кај нас, скопски урбан лик, Љупчо Петревски или диџеј Бабура. Тој почина на 44 години по кратко боледување. Неговата сопруга Елена, емотивна, потсети на него.

„Пет години не сум ти го слушнала гласот, а секојдневно разговарам со тебе. Животот со тебе беше благослов, а споменот за тебе е богатство. Во нашите срца ќе живееш засекогаш бидејќи си сакан повеќе од збор што може да опише, а ни недостигаш како бескрајот! Наш Баки“.

Тој беше во Брак со Елена, а ги имаа синовите Јаков и Јаким, кои годинава тргнаа на училиште.

Диџеј Бабура беше е еден од најекспонираните македонски диџеи. Тој почнал со професионален ангажман во радиото „Мега ФМ“ во почетокот на деведесеттите години. Подоцна Бабура се префрли во „Антена 5“, а потоа и во „Сити радио“.

Диџеј Бабура најчесто пушташе хаус-музика, а настапуваше паралелно со најпознатите светски диџеи што гостуваат во земјата.

Во 2005 година ја делеше сцената со диџеј Тиесто на неколку концерти во Југоисточна Европа.

 

 

Scroll to Top