Секси Алекси е во Скопје, селфи за добредојде

Премиерот Зоран Заев го пречека пред Владата грчкиот премиер, Алексис Ципрас, којшто е во прва официјална посета на земјава. Двајцата премиери пријателски се поздравија, направија селфи и се фотографираа со новинарите, пред да почне официјалниот дел од посетата.

Алексис Ципрас во Грција го носи епитетот секси Алекси. Тој во посета на Скопје дојде заедно со неговата сопруга Перистера позната како Бети Базиана.

Scroll to Top