Фолк пејачката Јованка Житарова се врати по повеќе од една деценија на сцената. Овој пат, наместо со фолк, реши да се занимава со поп музика. Јованка си го промени и името, па од Јованка стана Јова.
Годинава ја сумираше со секси новогодишна фотосесијата што ја подготви за своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.
„Никогаш не е предоцна да почнете од почеток. Да стиснете пауза. Да вдишете и издишете. Потоа, да почнете одново. Не морате да се губите себеси во хаосот, да ги прифаќате работите такви какви што се, мислејќи дека тоа е тоа што го заслужувате. Не морате да ги чувате своите тага и бес во себе, мислејќи дека никогаш нема да побегнете од нив. “! – напиша Јова на својот Инстаграм во пресрет на новата 2021 година.