Пејачката Ребека Јанковска-Ристески денеска беше дел од собирот на граѓани кои протестираа во центарот на градот. Таа му правеше друштво на сопругот Мики, со кого објавија заедничко селфи.
На сликата напиша „Слобода“. Ребека и Мики беа на протестите кои се одржаа за слобода на осудените за упадот во Собранието на 27 април. Тие беа организирани од македонски организации од земјава и дијаспората.
Ристески беше дел од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и беше забележан во Собранието на 27 април, кога беа претепани и повредени над 100 пратеници, новинари, полицајци и граѓани.
Настрана политикта, откако ја објавија заедничката фотографија многумина им напишаа дека и по толку години брак, тие пак изгледаат убави и вљубени.
Мики и Ребека се во брак од 2006 година и имаат три деца, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј.