Шефицата на протокол на Заев, Иванна Хаџиевска, манекенка

Иванна Хаџиевска, шефицата на протокол на премиерот Зоран Заев, е заштитно лице на модната куќа „Кокев“. Таа и Тања Кокев соработуваат долги години, а Иванна се појави на најновата модна ревија на „Кокев“ што се одржа пред неколку дена и каде што дизајнерката првпат претстави машки модели.

Иванна вели дека единствениот бренд што го има дома е токму со потписот на „Кокев“. Според неа, дизајнерката често пати знае да ѝ понуди и малку посмели, подразголеми парчиња облека.

„Некогаш знам да ѝ се налутам кога ќе ме разголи, ама таа ми вели, знаеш ти тоа, можеш да го носиш“, рече во неодамнешното интервју за „Репортер“.

Во 2011 година Иванна се разголе за календарот на „Пелистерка“, а многумина се сеќаваат на неа и како на една од водителите на забавната емисија „Ексклузив“ која се емитуваше на А1 телевизија.

Scroll to Top