Во придружба на Влатко Стефановски, филмски, како во некое друго време, Раде Шербеџија пред публиката на „Златна бубамара“ ја испеа „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач. Вели, ја пее за душа, за Тоше. Не пее сам. Со него пее и целата публика. И додека Влатко свири на гитара, Шербеџија, емотивно, од срце, ја рецитира „Не дај се Инес“.
Големата балканска ѕвезда е специјален гостин на „Бубамара“. Тој доби интернационална награда за музика и глума, а во говорот се сети на „Пред дождот“, филмот што го сними пред 25 години.
„Фала ви, секоја награда е добродојдена. Кога ќе добиеш награда, заборави ја брзо за да оставиш простор за повеќе живот. Оваа нека биде за Милчо Манчевски и за ‘Пред дождот’“, рече тој во преполната сала „Борис Трајковски“.
Редакција: Репортер
Фото: Д. Перковски
(Галерија) „Не дишете дури ни за секс”, ни коронавирусот не ѝ може ништо на Бубамара