Штипјани сега имаат голема конкуренција, рече американската амбасадорка Анџела откако ја бендиса пастрмајлијата во Свети Николе

Американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер денес беше во посета на Свети Николе каде ги проба  традиционалните и домашни јадења. Ја проба и нивната пастрмалија за која рече дека ѝ се допаднала. Амбасадорката Агелер вели дека штипјани сега добиле голема конкуренција.

„Штипска пастрмајлија тукушто доби вистинска конкуренција во Свети Николе. Каде да одиме понатаму за вкусна пастрмајлија?“, рече Агелер која им се заблагодари на светиниколчани за убавиот пречек.
Таа беше во посета на Свети Николе каде беше пуштен во употреба новиот протвпожарен дом. Имаше средба со пожарникари и студенти.
Scroll to Top