Првото место на бугарскиот фестивал „Златен костен“ го освои македонскиот млад пејач Симеон Коруноски со песната со наслов Најмила.
Симеон на сцената се појави со гитара во раката. Тој свиреше и пееше со затворени очи, а публиката беше воодушевена од неговиот фантастичен настап.
Второто место му припадна на Бонимир Бонев, кој пееше „Абуда Би“, а третопласирана заврши Божидара Симеонова со песната „Мираж“.