Синот на Филип Лазаров се кара со татка си кога нема да даде гол

By

Ракометниот репрезентативец Филип Лазаров е четири години во брак со Билјана. Заедно се од средношколските денови. Пред три ипол години се роди нивниот син Милан, за кого Билјана вели дека е најголемиот навивач, но и најголемиот критичар на својот татко.

„Спортските гени кај Милан полека стануваат видливи. Омилена играчка му е топката. Неуморен е за трчање и шутирање, но концентрацијата за следење натпревар му опаѓа по 15 минути. Не заборава по секој натпревар да праша кој победил, колку гола дал татко му, па и да го искара ако не е задоволен со одговорот“, рекла Билјана во интервју за „Фокус“.

Таа додала дека со Филип не водат бурен живот, туку дека легнуваат рано, а заради работните викенди и редовните тренинзи не помислуваат на забави до доцна.

„Љубовта е главниот двигател, а долгата врска преку која созреваме заедно, пред четири години нè однесе во нов предизвик – бракот и до улогата на родители во која бескрајно уживаме“, рекла таа и додала дека им се допаѓа мирната семејна идила што ја создале.

 

 

Ќе ви се допадне