Синот на Миа Костова прваче

Водителката Миа Костова го испрати синот Андрија во прво одделение. На фотографијата што ја објави на социјалните мрежи, таа му посака многу среќа.

„Каде бе ти волку голем? Среќно мајка!“, стои покрај фотографијата, на која Миа доби бројни честитки и од нејзините следбеници на социјалните мрежи и од пријателите.

Костова, која пред неколку години се повлече од телевизијата, наскоро ќе се врати. Неофицијално, таа повторно ќе биде водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, што ќе почне да се прикажува на „Канал 5“ телевизија.

Scroll to Top