Синот на Ребека славеше полуматура: Маркијан на забава со децата од училиштето „Златан Сремец“

Децата од Основното училиште со ресурсен центар „Д-р Златан Сремец“ прославија полуматура.  Танцување, песни, дружби, насмевки, се само дел од атмосферата од нивната полуматурска вечер. Меѓу децата беше и Маркијан, синот на пејачката Ребека која е и претседателка на здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“.


„Дел од атмосферата пренесе и градоначаникот на Кисела Вода, Орце  Ѓорѓиевски кои за прославата рече : Вечерва, заедно со мојата сопруга и дел од мојот тим присуствувавме на најубавата забава, која ја организиравме по повод завршувањето на учебната 2022/23 година за учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа. Овие дечиња, моите верни пријателчиња сакаат љубов и внимание и да знаат дека не се сами. Се борам и ќе се борам да имаат еднакви можности и секогаш можат да сметаат на мене како човек, но и како градоначалник“

Scroll to Top