Синот на Весна Бејби се сели кај татко му во САД

Синот на Весна Петрушевска, Кирил Тренкоски, за две недели заминува во САД кај својот татко Јанко Тренкоски. Кирил (17)  оди во Хјустон каде што ќе ја изучи четвртата година од гимназијата, а потоа таму ќе ги продолжи и студиите.Оваа вест ја објави Весна, која вели дека бројат ситно до неговото замнинување.

„Броиме ситно со Кирил, кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговараше потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а тој ми вели: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, објави Весна Бејби.

Во време на пандемијата  таа онлајн работеше со децата глумци, а сега кога веќе мерките се олеснети, часовите ги држат на отворено.

Лани Весна имаше успешна година, па освен претставта „Влези не се соблакај“, со која прослави 25 години „брак со МНТ“, таа работеше и на хит-серијата „Дајте музика“.

Scroll to Top