Синот на Војо Стојановски стана татко

Пејачот Дамјан Стојановски, синот на фолк-пејачот Војо Стојановски, стана татко. Неговата сопруга Елена вчера на Гинекологија „Чаир“ роди син. Поради мерките за заштита од короната, пејачот не можел да биде покрај сопругата и да го види бебето.

Инаку, Дамјан имаше 18 години кога почина татко му. Тој често изјавува дека љубовта кон музиката ја наследил од татка си, но и дека Војо му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам,“ рече тој во едно интервју.

Scroll to Top