„Сите патишта“ на ДНК, нова песна што буди спомени

„Сите патишта ме водат мене само во моето маало, сите спомени се таму, нè враќаат. Сите спомени на едно место, сите слики што ги гледам многу често, сите фори“- е само дел од текстот од новата песна на ДНК со наслов „Сите патишта“.

Тексот е на Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е снимено во осум скопски општини , а го режираше Владимир Митревски – Ѓуле, а приказната го следи текстот кој, како што велат Панчо и Андреј, е создаден сосема спонтано и од срце.

„Сите патишта“ е чиста позитива и ги буди оние спомени од детството кои нè врзуваат за првите игри, другарства, љубовни спомени. Оние спомени од нашите маала кои секогаш ни измамуваат насмевки и ни будат убави емоции кога и да се вратиме онаму каде што ни минало детството. Песната е за сите оние кои во срцата си ги носат своите маала. Искрено веруваме дека секој кој ќе ја чуе барем преку спомените ќе успееме да го вратиме во старото маало, велат Панчо и Андреј.Кадрите за видеото се снимани во Сарај, Ѓорче, Карпош, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Аеродром и Бутел и, секако, на Водно .

Scroll to Top