СЈО демантира обид за атентат врз Фатиме Фетаи

По пишувањата на некои медиуми дека имало обид за атентат на Фатиме Фетаи, СЈО излезе со официјален демант. Тие во соопштението велат дека пред четири дена специјалната јавна обвинителка воопшто не била во Боговиње.

Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека во заднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа. Информираме дека на тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи“, стои во соопштението на СЈО.

 

Scroll to Top