Симон Трпчески вчеравечер одржа концерт во Сараево. Пијанистот ја започна својата концертна турнеја во Денвер, потоа имаше настапи во Мајами па во Неапол.
„Од студеното време во Денвер – Mile High City, преку кулинарските скакулци во Мајами и шармантниот град Неапол, до празничниот крај на пролетната турнеја во САД во место кое сите нè потсетува на чистотата и вистинската човечка димензија што сите мораме да го запомниме – Disneyworld. Врвна инспирација за моето прво концертно гостување во Сараево во Босна и Херцеговина“, напиша Трпчески.