Скопјанката Андријана Петрушовска е новата ѕвезда која го крена на нозе жирито во „Гранд“

Скопјанката Андријана Петрушовска (22) настапи на регионалното шоу „Sвездите на Град“ во мини кожен фустан со песната „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска. Таа го воодушеви жирито со одличната изведба и доби од нив шест гласа.

„Првата песна фантастична, маестрална, без грешка“ ѝ кажа Марија Шерифовиќ.

„Те слушав и на тонската проба, ова е една од најубавите интерпретации кои се случиле оваа сезона“, изјави Александар Милиќ Мили.

Андријана сподели фотографии и видео од настапот на својот инстаграм-профил.

„Пресреќна сум! Се гледаме во 3. круг. Огромно благодарам на сите за поддршката, а посебно на мојот драг ментор Ѓорѓе Давид“, напиша таа.

Scroll to Top