Скопјанката Цеце во друштво на Ријана

Скопјанката Цеце Стевковска, која работи како стујардеса за ВИП-личности во компанијата „Етихад ервејс“ во Абу Даби, неодамна се запозна со светската поп-пејачка Ријана.

„Едно утро ми јавија дека во летот Дубаи -Њујорк ќе имам ВИП-личност и дека јас треба да бидам задолжена за неа. Кога се упатив во ВИП-делот ја препознав Ријана. Навистина бев возбудена. Таа патуваше со двајца телохранители и две шминкерки. Изгледаше прекрасно. Беше спонтана и немаше некои посебни барања. Не глумеше ѕвезда“ – раскажала Цеце.

Стујардеста, воодушевена од Ријана, вели дека била убава и без грам шминка на неа. Во краткиот разговор со Ријана, Цеце ѝ кажала дека е од Македонија. Во текот на летот поп-ѕвездата нарачала кавијар, црн леб и шампањ.

„Пред да слета во Њујорк, една од шминкерките ја нашминка. Се сликавме, а таа беше навистина расположена“, рекла Стевсковска.

Scroll to Top