Славица Ангелова се пласираше во финалето на „Ѕвездите на гранд“

Славица Ангелова од Струмица, е единствената Македонка која се пласираше во финалето на „Ѕвездите на гранд“. Со одличната изведба на „Ти“ од Александра Ковач и „Пази се“ од филмот „Јужен ветер“, Славица ги освои жирито и публиката и влезе меѓу најдобрите во музичкото шоу.

Финалето ќе се одржи вечер, а публиката ќе може да гласа со пораки. Славица е и студентка на медицина, за брзо со своите настапи ја освои публиката. Сите ја познаваат од детското талент шоу „Неке нови клинци“ а низ годините стана ѕвезда на музичката сцена.

Настапи и на светското шоу The Voice, а сега е актуелна со „Ѕвездите на Гранд“, каде под менторство на Ѓорѓе Давид се пласираше меѓу најдобрите.

Scroll to Top