Снешка од нашето детство оди во пензија

Познатата актерка и режисер Снежана Конеска Руси со која растеа многу генерации, во понеделникот, на 25-ти ноември ја одигра својата последна улога во претставата ,,Најкратките драми на светот” со која ќе го одбележи своето пензионирање.

Конеска Руси од 1978 година е вработена во МНТ, а претходно шест години била во Македонската радио телевизија каде работела како спикер и презентар на Македонското радио.

Зад Руси има голем број на улоги во театарски претстави, а позната е и како филмска глумица и режисер. На јавноста и стана позната во далечната 1963 година, кога ги имаше своите почетоци на Детската радио драма во МРТ.

Босилка Кочоска во „Ѕидот, водата“ на Живко Чинго, Девојката во „Димна Јуда град градила“, Ана во монодрамата „Ана Франк“, Агафја во гогољевата „Женидба“, Хава во мјузиклот „Свирач на покрив“, Нале во „Среќна нова 49“ се само дел од улогите кои ги одиграла Снежана Конеска.

Scroll to Top