Со концерт во МКЦ Марија Каева ќе го промовира новиот албум

Македонската пејачка Марија Каева има нов електро-поп албум, „Фортуна“. Промоцијата е закажана за 18 декември во МКЦ, со мини концерт на кој Каева ќе испее дел од песните.

Марија, која повеќе од 20 години е дел од македонската музичка сцена, на албумот соработува со Владан Дробицки (Сетстат, МОБ, Кантон6, ПМГ Колектив), кој првпат во неговата долга кариера создава електро-поп музика. „Фортуна“ е во издание на скопската дискографска куќа ПМГ Рекордингс.

На концертот што Каева ќе го одржи во МКЦ, ќе ја придружуваат Владан Дробицки (електроника) и Дино Милосављевиќ (тапани). Гости ќе бидат диџеј Магија и Тодор
Караколев, а ќе настапи и белградскиот состав „Фантом“.

Каева се прослави на почетокот на 2000 години, кога ја испеа песната „Фројд е жив“ со Александар Ристовски Принц.

Scroll to Top