Со концерт во Скопје, Владо ќе слави 25 години кариера

Поп-пејачот и кантавтор Владо Јаневски ќе има концерт во Скопје по повод 25 години кариера. Концертот е закажан за 16 март, следната година во Вип Арена „Борис Трајковски“. Владо, летово одржа концерт во Охрид, кој го организираше „Авалон продукција“. Претходно беше најваен и концерт во Скопје, кој беше откажан, наводно поради болест на поп-пејачот. Потоа беше најавено дека концерт пред скопската публика ќе има во октомври или ноември, но и тоа не се случи. Сега, овој концерт на Владо, не го организра „Авалон“, туку е во организација на „Прагма продукција“. Картите за Владо наскоро ќе бидат пуштени во продажба.

Scroll to Top