Со риби, маслиново и вино Раде Шербеџија го пречека Влатко Стефановски на Бриони

Влатко Стефановски е во националнот парк Бриони во Хрватска заедно со неговиот син Јан.

Хрватскиот актер Раде Шербеџија им подготви вечера претходниот ден, риби во маслиново масло и бело вино.

Музичарот заедно со неговиот син Јан кој свири на тапани и басистот Иван Кукиќ го сочинуваат Влатко Стефановски Трио и имаат настапи по јаадранското приморје.

На почетокот на овој месец за првпат сите тројца настапија на сцената на Антички театар во Охрид каде што одржаа целовечерен концерт. Бидејќи во тој период поголемиот дел од земјата беше зафатена со пожари, Стефановски го започна концертот со порака за солидарност кон пожарникарите.

На 6. септември заедно со симфониски оркестар и диригентот Џијан Емин ќе настапат на Кале. Концертот е во рамките на одбележување на 30 години македонска независност.

Scroll to Top