Меѓу бројните навивачи во Порто, а кои вечерва ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, е и згодната Наташа Петровска. Наташа, сопственичка на центарот за обликување и ремоделирање на женското тело Фигурела, не само што е вљубеничка во спортот, таа секогш ги поддржув репрезентативци, па често ја има на трибините и дома и на гостинските терени.
Наташа денес испрати поздрав од Порто. Фудбалска репрезентација вечерва, на теренот игра со Португалија и ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство.
Во квалификациите Македонија во Дујсбург ја победи Германија. Во четвртокот во Палермо пак го победи актуелниот европски шампион Италија.