Панчо од ДНК објави фотографија со македоснкиот фудбалер Елиф Елмас. Тој престојува во Италија, каде присуствуваше на последниот натпревар од италијанското првество на клубот Наполи кој го играше со Сампдорија.
„Со шампионот во Серија А“, напиша Панчо на фотографијата со Елиф, на која го покажува медалот.
Наполи од поодамна ја освои титулата, а сега им беше доделен пехарот и медалите на фудбалерите.
Панчо со илјадници фанови излезе на улиците каде се случувало голема прослава.
Не е тајна дека Панчо и Елмас се одамна пријатели. Тие се дружат кога фудбалерот е во Македонија. Панчо, пред секој натпревар на репрезентацијата, но и кога играше Наполи, го бодреше Елиф преку социјалните мрежи и често објавуваше слики и видеа од неговите голови.