Со танц во претставата „Рефлексија“ која се играше во МОБ децата испратија порака: поголема свест за инклузивност на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Националната опера и балет во Скопје вчера се одигра инклузивната танцова претстава „Рефлексија“. На сцената се појавија деца и млади од инклузивната група на танцовото студио Еурека, додека во позадина се слушаше оригинална музика од Кирил Џајковски.

Публиката имаше можност да го види и видео записот „Погледни ме“ на Дени Жерновска, млада уметница со попреченост којшто ја пренесува пораката за подигнување на свеста за поголема инклузивност на лицата со попреченост и нивно инволвирање во сите сфери од животот.„Ова е трета по ред инклузивна танцова претстава која има за цел да ја подигне свеста за лицата со попреченост и да поттикне нивно инволвирање во сите сфери од животот, вклучително и уметностите, истакнаа од танцовото студио „Еурека“.

Како што беше и најавено на претставата дојде и претседателот на државата Стево Пендаровски, со првата дама Елизабета Ѓорѓиевска. За потсетување истиот беше поддржан и остварен во соработка со Министерство за култура.

 

Scroll to Top