Со знамето на виножито Васил Гарванлиев пееше за гордоста на Парадата

Знамето со боите на виножитото се вееше низ центарот на Скопје, на втората по ред Парада на гордоста, организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Стотна учесници парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје.

Парадата ја отвори овогодинешниот претставник на песна на Евровизијата, Васил Гарванлиев, со песната „Here I stand“. Тој неодамна отворено прозбори за својата сексуална ориентација, а потоа и настапи на ваква парада во Бугарија.

На настанот учество земаа и други познати лица, меѓу кои естрадни уметници, политичари. Меѓу присутни беа претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Низ улиците можеше да се забележат и бројни транспарентни на кои беше испишано: „Родители вклучете се, љубов е“, „Љубов вон ѕидовите“, „Иднината е квир“ итн.

фото: МИА

Scroll to Top