„Соба за тага“ на Тоше, ја напишал човек во затвор, обвинет за убиство

Песната на Тоше Проески, „Соба за тага“, ја напишал човек кој одлежувал затворска робија за убиство на љубовникот на неговата сопруга.

Зад текстот се крие тажна приказна, која на крајот стигнала до менаџерката на Тоше, која му предложила на Тоше да ја сними песната.

Како што пишуваат медиумите, авторот не сакал никакви пари, туку само сакал посвета на оригиналниот албум.

Тоше Проески беше ѕвезда чии песни многумина ги слушаат до денес. За потсетување, тој загина во сообраќајна несреќа на 16. откромври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Тој имаше 26 години.

Scroll to Top