Сочувство за семејствата на починатите во Тетово, „Авалон“ ги откажа и двата музички фестивала

„Авалон продукција“ најави дека ги откажува настаните коишто требаше да се случат денеска (Skopje Sounds Good) и в петок и сабота (Skopje Calling) поради прогласената тридневна жалост во Македонија.

„Прво би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово. Ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо“, велат од „Авалон продукција“.
Сите што имаат купено влезници за овие настани можат да направат рефундација во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09).

Scroll to Top