Фолк-пејачката Соња Тарчуловска, објави фотографија на Инстаграм од младоста. Таа во описот напиша дека сега е во години кога не и е важно туѓото мислење, и дека и е важен само мирот.
„Стигнав до возраст кога не ми е грижа дали ме сакаат, мразат, озборуваат или фалат. Само не ми е гајле кој што кажува. Мирот ми е важен. Здравјето ми е важно. Секој топол збор од оние ретки луѓе што можам да ги наречам пријатели ми е важен. Да! -Тоа се тие години“, напиша пејачката.
Инаку Сања е во брак со Јохан Тарчуловски и имаат три деца.
Инаку ќерката на Соња и Јохан, Мелани Тарчуловска учестува во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. А како поддршка на Мелани во бекстејџот се појавија и нејзините родители.
View this post on Instagram