Сообраќајната несреќа ѝ го зема таткото, денес таа му посвети филм

By

Нина Маџиров, ќерката на починатиот перкусионист кој свиреше на шишиња, Зоран Маџиров, промовира краткометражен филм за својот татко. Филмот „Стакло“ ја носи приказната „Земи го своето скршено срце и претвори го во уметност“. Филмот е снимен во Лос Анџелес, а Нина е сценарист и актерка во филмот.

Инспирацијата за филмот е музиката на татко ѝ кој почина во сообраќајната несреќа во октомври 2016 година. Уште пред снимањето Нина рече дека имала голема желба целото семејство заедно да го изгледа филмот, заедно со татко ѝ, но нејзината желба не се остварила.

„Ми вети дека ќе свириме заедно на шишиња“, раскажува Нина во филмот.

„Стакло“ е снимен во рамките на нејзината студиска програма на Њујоршката филмска академија во Лос Анџелес.  Таму во неколку минути е прикажан начинот на кој Маџиров ги подготвувал шишињата со вода за своите настапи.

Зоран Маџиров беше музички виртуоз, џез-музичар, перкусионист кој свиреше на шишиња. Настапувал во Европа со триото „Барони Карамазови“, а реализирал и многу проекти на Скопскиот џез-фестивал. Роден е во Струмица, а со семејството живееше во Загреб.

Ќе ви се допадне