Сопранот Мирјана Бурназ-Кремшовски освои Гранд при награда на меѓународниот музички натпревар „Балканска Романсијада“

Оперската пејачка Мирјана Бурназ-Кремшовски ја освои Гранд при наградата на деветта по ред „Балканска Романсијада“, која се одржа во Руската куќа во Софија, Бугарија. Гранд при наградата на овој меѓународен музички натрпевар се доделува еднаш на четири години.

Покрај од Македонија, на натпреварот за најдобар оперски глас се натпреваруваа оперски пеачи и од Грција, Бугарија и Русија.

Мирјана покрај нашата земја, го претставуваше и факултетот за соло пеење од Есен, Германија.

Таа е родена 1993 година во Скопје и потекнува од музичка фамилија. По завршувањето на  средното образование, таа дипломира на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј “ во Скопје , во класата на проф. Весна Ѓиновска – Илкова. А подоцна и на Фолкванг Универзитетот за уметности во класата на проф. Рејчел Робинс во 2019 година.

За време на своите студиите, настапуваше во Македонска Опера и Балет како солист, но и учествуваше на многубројни фестивали во Македонија како на пример „Есенски музички свечености“, „Денови на македонска музика“ и многу други. Но одржа концертни настапи и во Бугарија, Србија, Германија.

Моментално е член на Операта во Магдебург, Германија и е пред магистратура по соло пеење.

 

Scroll to Top